Јувентус добро ја отвори сезоната и сака дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Примарна цел на „бјанконерите“ ќе биде доведување на квалитетен играч за врска кој треба да биде замена за суспендираниот Погба.
Прво име на списокот на „старата дама“ е данскиот репрезентативец и член на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг.
Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и сериозно ја разгледува и опцијата да си замине од Лондон веќе во јануари.
Тотенхем исто така е спремен да се раздели со Хојберг во јануари, а Јувентус веќе ги направил првите контакти со неговиот агент.
Втората голема желба на Алегри е ѕвездата на Сасуоло, Доменико Берарди, кој сака да ја промени средината.
Јувентус оваа сезона не игра во Европа и раководството верува декаовие две засилувања можат да одиграат клучна улога во битката за Скудетото.