Дома Фудбал Италија Јувентус со големи проблеми пред мечот со Севиља

Јувентус со големи проблеми пред мечот со Севиља

Напаѓачот на Јувентус Гонзало Игуаин најверојатно ќе го пропушти дуелот од 5-то коло во Лигата на шампиони против Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот се повреди на првенствениот меч со Пескара овој викенд, чусвтвува големи болки во стапалото и не тренираше со тимот денес, па готово сигурно ќе го пропушти утрешниот меч.

Ова е додатен проблем за тренерот Алегри кој поради повреда неможе да смета ни на Дибала, па единствен напаѓач кој му е на располагање е Марио Манџукиќ.

Јувентус е под императив победа на натпреварот против Севиља доколку сака да ги задржи шансите за прво место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еве зошто беше поништен голот на Уругвај за победа против Зеленортските Острови: Ова правило речиси никогаш не го гледаме… (Видео)

Фудбалската репрезентација на Уругвај направи уште еден голем кикс на Светското првенство.…