Дома Топ вести Јувентус преговара со ѕвездата на Баерн

Јувентус преговара со ѕвездата на Баерн

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е во напредни преговори за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


26-годишниот играч за врска влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а нема најави за негово продолжување.

Баварците се спремни да го продадат, а Јувентус веќе стапил во контакт со Баерн и со агентот на фудбалерот.

Алегри е во потрага по квалитетен играч за врска, а после заминувањето на Роналдо клубот има финансиска можност да му ја исполни желбата.

Французинот се согласил за преселба во Јувентус, па останува уште двата клуба да ги договорат последните детали, а трансферот треба да изнесува околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…