Дома Топ вести Јувентус најде замена за Влаховиќ

Јувентус најде замена за Влаховиќ

Италијанските медиуми шпекулираат дека Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус во летниот преоден рок, а веќе се најавува и кој би можел да биде негов наследник.

„Калчомеркато“ пренесува дека една од опциите е Бразилецот, Ричарлисон кој како што стојат работите ќе го напушти Тотенхем.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ричарлисон има разочарувачка сезона во Тотенхем, иако се очекуваше да биде големо засилување, па сака да го напушти клубот.

Тотенхем исто така е спремен да слушне понуди, а најсилен интерес за него покажува Јувентус.

„Старата дама“ сака да го продаде Влаховиќ за 60 милиони евра, а за Бразилецот е спремна да понуди 50 милиони плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…