Дома Фудбал Италија Јувентус и Интер сакаат да го „украдат“ Чалханоглу од Милан

Јувентус и Интер сакаат да го „украдат“ Чалханоглу од Милан

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус сака да го „украде“ Хакан Чалханоглу од редовите на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“,  но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни се далеку од договор.

Ситуацијата будно ја следат Интер и Јувентус кои се спремни да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на лето како слободен агент.

Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио, а доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари, може да биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шокантна изјава: Рафиња се моли да замине од Барселона, има големи финансиски проблеми (Видео)

Бразилецот Рафиња (29) се соочува со поголеми предизвици отколку што е повредата која ќе г…