Дома Топ вести Јувентус и Барса спремаат спектакуларна трампа

Јувентус и Барса спремаат спектакуларна трампа

Според весникот „Кориере дело Спорт“, Јувентус и Барселона планираат нова трампа на своите ѕвезди.

Минатото лето двата клуба направија трампа помеѓу Пјаниќ и Артур, а сега се спремни да преговараат за размена помеѓу Гризман и Дибала.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гризман не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“, па Барселона е спремна да го продаде и да се ослободи од неговата висока плата.

Од друга страна Дибала влегува во последната година од договорот и Јувентус ќе мора да го продаде ова лето, па двата клуба можат да направат трампа.

Двете ѕвезди имаат слаби сезони, па и самите сакаат да ја променат средната.

Добрите односи помеѓу двата можат да помогнат брзо да се стигне до договор помеѓу сите четири страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…