Дома Фудбал Италија Јувентус две недели без Дибала, крај на сезоната за Кедира

Јувентус две недели без Дибала, крај на сезоната за Кедира

Италијанскиот шампион Јувентус денес ги потврди повредите на Пауло Дибала и Сами Кедира.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинскиот напаѓач се повреди за време на натпреварот против Ајакс, има мускулна повреда и ќе мора да паузира две недели. Дибала ќе ги пропушти натпреварите против Фиорентина и Интер, а се очекува да се врати на терените во градското дерби против Торино.

Сами Кедира пак ја заврши сезоната. Германецот денес мораше да оди на операција на коленото поради што ќе мора да паузира во следните три месеци.

„Во последните неколку месеци имам проблеми со коленото. Болките стануваа се потешки, и затоа се одлучив на операција“, истакна Кедира.

Овие отсуства нема да му паднат тешко на Јувентус кој е само на чекор од освојување на Скудетото и се очекува да го прослави овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандал во Италија поради рускиот спонзор на Пирло, неговото назначување е засега стопирано

Изгледа сигурното назначување на Андреа Пирло како нов селектор на Италија предизвика сери…