Дома Топ вести Јувентус го сака Азар како замена за Роналдо

Јувентус го сака Азар како замена за Роналдо

Јувентус веќе ја започна потргата по наследник на Кристиано Роналдо.

Португалецот е на чекор од комплетирање на трансферот во Манчестер Јунајтед. „Старата дама“ е свесна дека губи еден од најдобрите фудбалери кои ги има во екипата, па сега се бара замена.

Италијанските медиуми објавија дека Јувентус го контактирал Реал Мадрид за да го добие Еден Азар на позајмица со можност за откуп.

Азар не се прослави во Мадрид откако пристигна од Челзи, а доколку во Реал пристигне и Килијан Мбапе, тогаш можно е Азар да се прсели во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…