Откако Кристиано Роналдо и капитенот Џорџо Киелини се согласија, и другите фудбалери и раководството на Јувентус се согласија за намалување на платите во клубот, како мерка за избегнување на откази поради кризата што е предизвикана од пандемијата од коронавирус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Кристиано Роналдо го направил првиот чекор за му помогне на Јувентус. Неговата плата од 31 милион евра годишно ќе се намали за 12%, односно за 3,8 милиони евра.
Португалецот во изминатиот период ја истакна својата хуманост во екот на ширење на болеста Ковид-19. Заедно со неговиот менаџер Жорге Мендеш донираа голема количина на медицинска опрема за болниците во Порто и во Лисабон.
Парите ќе бидат наменети за покривање на приходите на сите административци во Јувентус, како и луѓето вработени во хотелот и стадионот на италијанскиот клуб.
Приходите од ТВ правата и влезниците не ги полнат клупските благајни,па фудбалските клубови регистрираат големи загуби.
#Juve, #Chiellini convince tutti: #CristianoRonaldo e i senatori, c’è il sì al taglio degli stipendi? https://t.co/asA9q1Cmjx
— Tuttosport (@tuttosport) March 28, 2020