Дома Фудбал Италија Јувентус: Ако стигне понуда за Влаховиќ, ќе ја разгледаме

Јувентус: Ако стигне понуда за Влаховиќ, ќе ја разгледаме

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли изјави дека може да размислуваат за заминување на Душан Влаховиќ, само ако пристигне некоја примамлива понуда.

За српскиот напаѓач заинтересирани се повеќе клубови, меѓу кои најсериозни се Пари Сен Жермен и Баерн.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Цврсто веруваме во Душан и фокусирани сме на него. Сметам дека имаме одличен напад. Но јасно е дека мораме да ги средиме сметките. Па ако стигне понуда која не се одбива, би можеле да ја разгледаме. Колкава понуда? Не би се занимавал со бројки, ако има ќе видиме“.

„Не можам во овој момент да зборувам за ниту еден играч конкретно, бидејќи сме на почеток на преодниот рок. Ги имаме Влаховиќ, Киеза, Милик и Кин, напаѓачи во кои цврсто веруваме. Убедени сме дека имаме одлична база во офанзивата“, изјави Џунтоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…