Кошаркарите на Денвер изминатата ноќ на свој паркет славеа против Мајами Хит со 113:96.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денвер успеа без проблеми да дојде до победата затоа што од почетокот имаа предност која не ја испуштија до самиот крај. Домаќините после првата четвртина водеа со 30:25, а во втората четвртина значително ја зголемија предноста и на полувреме заминаа со резултат 64:49. На крајот Нагетси славеа со 113:96.




Најефикасен кај Денвер беше Бартон со 25 поени, повторно одличен беше и Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл со 23 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Сепак, српскиот кошаркар порано го заврши мечот затоа што беше исклучен после судирот со Морис. Кошаркарот на Мајами го фаулираше Јокиќ, па Србинот тргна да се пресметува и доби исклучување.
Nikola Jokic and Markieff Morris were both ejected from the game after the two exchanged hard fouls. pic.twitter.com/AtOklXIU5k
— SportsCenter (@SportsCenter) November 9, 2021
Кога во прашање е гостинската екипа најефикасен беше Батлер со 31 поени, 8 асистенции и 5 скокови.
Од останатите резултати се издвојува победата на ЛА Лејкерси против Шарлот Хорнетс од 126:123. Нова победа запиша и Далас и тоа против Пеликанс со 108:92. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 25 поени, 5 скокови и 5 асистенции.




Чикаго Булс пред своите навивачи славеа против Бруклин Нетс со 119:95, додека Феникс Санс на гости беа подобри од Сакраменто со 109:104.