Дома Останати Кошарка Јокиќ скромен: Ѓоковиќ е пример, јас сакам да сум како него – но не може да се споредуваме!

Јокиќ скромен: Ѓоковиќ е пример, јас сакам да сум како него – но не може да се споредуваме!

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ го доби МВП признанието во конференциското финале во кое неговиот Денвер славеше со 4:0 против Лејкерс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На прес-конференцијата Јокиќ беше запрашан дали е во комуникација со Ѓоковиќ кој го очекува настап на Ролан Гарос, додека тој ќе игра финале во НБА. Двајцата се во позиција да освојат големи пехари и на најдобар начин да ја промовираат нивната земја, сепак Јокиќ беше скромен.

„Искрено, го немам неговиот број. Тоа е човек кој ја претставува Србија на многу поголема сцена. Станува збор за голем амбасадор и пример за децата во Србија, не само на теренот туку и поради тоа што го прави со својата Фондација. Новак е еден пример и јас сакам да сум како него, тој прави нешто голема за цела Србија, за сите…Ние двајца не можеме ниту да се споредуваме“, изјави скромниот Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…