Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ одигра под своите стандарди, Денвер поразен 🎥

Јокиќ одигра под своите стандарди, Денвер поразен 🎥

Без Никола Јокиќ на највисоко ниво Денвер не е истиот тим. Најдобар доказ за тоа можеби е последниот дуел против Оклахома во изминатата нож.

Оклахома иако е еден од најслабите тимови на западот успеа да го спушти Денвер под 100 поени и да слави во натпреварот. Одличен беше Џилџес-Александар кој стигна до вториот трипл-дабл во кариерата. Бекот на Оклахома покрај 27 поени, додаде уште 12 асистенции и 11скокови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јокиќ играше под своите стандарди и забележа 13 поени, 7 скокови и 3 асистенции. Треба да се спомене и дека на теренот помина само 25 минути.

Шампионот Миловки после два порази го доби Хјустон. Мидлтон после кратката пауза поради коленото се врати во тимот со 23 поени., Атетокумпо пропушти уште еден натпревар поради корона.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Орландо 98:104, Бостон – Кливленд 111:101, Милвоки – Хјустон 126:106, Оклахома – Денвер 108:94, Сакраменто – ЛА Клиперс 89:105

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Не е само Трајков: Брера пред продажба и уште четири фудбалери за рекордна сума!

Тимот на Брера ја оствари целта која беше поставена и се избори за опстанок во најсилната …