Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ: Кога ќе бидам стар и дебел на децата ќе им кажувам дека некогаш сум играл добра кошарка

Јокиќ: Кога ќе бидам стар и дебел на децата ќе им кажувам дека некогаш сум играл добра кошарка

Никола Јокиќ и официјално вторпат по ред стигна до МВП наградата во НБА лигата. Наградата српскиот кошаркар ја прими на оригинален начин во штала (тука).

Со ова Јокиќ стана само 13-тиот играч во историјата кој оваа награда ја добива во две последователни сезони. Скромен како и секогаш Јокиќ опиша како се чувствува.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сега не размислувам многу, но кога ќе бидам стар и дебел сигурно ќе им кажувам на децата дека некогаш сум играл добра кошаркар. Сите ме познаваат и знаат дека јас сум истото момче. Фактот што сум во друштво на оние кои пишуваа историја во оваа лига и овој спорт значи многу, тоа е неверојатно наследство кое засекогаш останува“, изјави Јокиќ.

Карим Абдул-Џабар, Јенис Антетокумбо, Лери Бирд, Вилт Чембрлен, Стиф Кари, Тим Данкан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Мозес Мелоун, Стив Неш и Бил Расел се кошаркарите кои имаат повеќе од едно МВП признание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лејкерси го отпуштија тренерот: Животот ми беше пекол во последните две години

НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хам по две сезони на оваа позициј…