Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ и Дончиќ одлични во победите на Денвер и Далас, Батлер сруши рекорд на Леброн 🎥

Јокиќ и Дончиќ одлични во победите на Денвер и Далас, Батлер сруши рекорд на Леброн 🎥

Никола Јокиќ продолжува да игра во одлична форма во дресот на Денвер.

На последниот натпревар изминатата вечер во победата на Денвер над Детроит (117:111) Јокиќ уфрли 34 поени. Така Нагетси ја завршија серијата натпревари на домашен терен со скор со 4:2. Покрај поените Јокиќ додаде уште девет скока и осума асистенции. Бартон и Гордон искомобинираа 27 поени, па Пистонси се закануваа во текот на целиот меч.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Далас славеше против Мемфис со 104:91 и овој пат Мавси беа предводени од Лука Дончиќ кој постигна 37 поени и додаде уште 11 скокови и 9 асистенции. Кристапс Порзингис додаде 15 поени и осум скока. Кај Мемфис најдобар беше Морант со 35 поени и 13 скокови.

Џордан Пул ги предводеше Вориорси со 20 поени во триумфот против Јута од 94:92. Ендрју Вингис уфрли 14, а Стеф Кари поен помалку. Српскиот кошаркар Немања Бјелица на теренот помина 20 минути и за тоа време постигна шест поени и додаде четири скока и исто толку асистенции. Во редовите на Јута најрасположен беше Бојан Богдановиќ кој постигна 21 поен.

Кошаркарите на Мајами славеа против Лејкерси со 113:107 во натпревар во кој Џими Батлер го сруши рекордот на Леброн Џејмс по бројот на трипл-дабли во дресот на Хит. Батлер го заврши мечот со 20 поени, 10 скока и 12 асистенции што е негов 10-ти трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната за Мајами, еден повеќе од Џејмс во неговите четири сезони во тој клуб. Данкан Робинсон постигна најмногу поени во победничкиот тим 25, додека кај Лејкерси Леброн постигна 33, Весбтрук 24.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Мајами – Лејкерси 113:107, Орландо – Чикаго 114:95, Торонто – Портланд 105:114, Шарлот – Атланта 91:113, Сан Антонио – Филаделфија 109:115, Далас – Мемфис 104:91, Денвер – Детроит 117:111, Минесота – Бруклин 136:125, Голден Стејт – Јуата 94:92.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…