Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ го „растури“ Портланд, Дејвис ги водеше Лејкерси до нова победа 🎥

Јокиќ го „растури“ Портланд, Дејвис ги водеше Лејкерси до нова победа 🎥

Никола Јокиќ продолжува да игра одлично по суспензијата од еден натпревар која ја заработи во мечот со Мајами Хит.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денвер го победи Јокиќ 124:95, а Јокиќ оствари учинок од 29 поени, 9 скока и 9 асистенции. Треба да се спомене дека најголем дел од реализациите Јокиќ ги имаше во клучните моменти кога Денвер ја правеше разликата. Мекалум на спротивната страна постигна 21 поен.

ЛА Лејкерси стигнаа до победа против Сан Антонио, а најзаслужен беше Ентони Дејвис кој натпреварот го заврши со 34 поени и 15 скока. До осма победа во низа стигна Феникс кој лесно се справи со Хјустон 115:89, Букер со 26 и Мекги со 19 поени и 14 скока беа најефикасни во редовите на Санс.

РЕЗУЛТАТИ: ЛА Лејкерс – Сан Антонио 114-106, Атланта – Милвоки 120-110, Шарлот – Голден Стејт 106-102, Хјустон – Феникс 89-115, Оклахома – Бруклин 96-120, Денвер – Портланд 124-95, ЛА Клиперс – Чикаго Булс 90-100.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…