Дома Кошарка Јокиќ го добива најбогатиот договор во историјата на НБА

Јокиќ го добива најбогатиот договор во историјата на НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да го добие најголемиот договор во историјата на НБА-лигата во 2026 година.

Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс до шампионскиот прстен минатата сезона, а беше прогласен и за МВП.

Србинот има договор со Денвер на пет години и загарантирани му се 276 милиони долари, а според американските медиуми Јокиќ во 2026 година треба да стави потпис на нова соработка.

Јокиќ така би добил над 400 милиони долари, со што ќе ги сруши сите рекорди во НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ со 14 поени го водеше Арис до голем триумф над Панатинаикос

Ненад Димитријевиќ придонесе со 14 поени и пет асистенции во победата на Арис од 99:90. Со…