Дома Останати Кошарка Јокиќ ги загуби нервите: Малку фалеше да се степа со Италијанецот Хакет (ВИДЕО)

Јокиќ ги загуби нервите: Малку фалеше да се степа со Италијанецот Хакет (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија денес ја запиша и третата победа на СП во исто толку натпревари, победена беше Италија со 77:92.

Пред самиот крај на натпреварот Србите можеа да се најдат во проблем бидејќи Никола Јокиќ многу лесно можеше да заработи исклучување. Хакет направи прекршок над центарот на Денвер, а тогаш Јокиќ го турна на паркетот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Судиите прво донесоа одлука за исклучување на Јокиќ. Србија веќе имаше солидно водство, проблемот ќе беше тоа што Јокиќ ќе добиеше и суспензија од еден натпревар. Сепак нашите соседи имаа среќа, после прегледувањето на видео снимките судиите ја сменија одлуката само во неспортска лична грешка.

Причината поради што ја променија одлуката е затоа што Јокиќ не го удри, туку само го турна Хакет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стравичен пад на Вембанјама: Доживеа потрес на мозокот (Видео)

Кошаркарите на Сан Антонио беа изненадувачки поразени од Портланд со 106:103, но главната …