Дома Топ вести Јовиќ пред трансфер во Милан, познати деталите

Јовиќ пред трансфер во Милан, познати деталите

Лука Јовиќ после само една сезона ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во Серија А, тврдат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.

Најсилен интерес за српскиот напаѓач покажа Милан кој од поодамна започна преговори со неговиот агент Фали Рамадани, а сега ја испратил и првата понуда до Реал Мадрид.

Милан нуди 7 милиони евра за двегодишна позајмица плус 35 милиони евра за задолжителен откуп и 3 милиони евра како бонуси.

Целата трансфер операција ќе ги чини „росонерите“ 45 милиони евра, а шпанските медиуми тврдат дека Реал е спремен да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…