Дома Македонски спорт Јани Атанасов: Имаме многу млади играчи жедни за докажување, селекторот може да смета на нас

Јани Атанасов: Имаме многу млади играчи жедни за докажување, селекторот може да смета на нас

Пред натпреварот против Грузија кој е претпоследен во Лигата на Нации за оваа сезона Македонија се соочува со многу повреди, меѓутоа желбата за успех не изостанува.

Јани Атанасов е еден од помладите наши репрезентативци кој ја чека својата шанса од селекторот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не сме комплетни, но ние што сме тука ќе дадеме се од себе како што е секогаш за нашата репрезентација. Во Грузија одиме по три бода, ги чекаме задачите на селекторот и останатото е на нас“.

Верува дека со спроведување на идеите на селекторот на теренот можеме до успех и три бода.

„Ние сме тука да ги извршиме неговите задачи, во тој сегмент можеби бевме малку помалку агресивни. Имаме многу млади играчи и жедни сме за докажување и мислам дека селекторот може сериозно да смета на нас. Скоро сите имаме играно такви важни натпревари и се надеваме дека и сега ќе испадне добро за нас“, изјави Атанасов.

Грузија во Тбилиси ќе не пречека во петок од 18:00 часот, а три дена подоцна ние ќе бидеме домаќини на Бугарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …