Дома Фудбал Јувентус го сакаше капитенот на Барселона, а на крајот се засили со – резервист на Њукасл!

Јувентус го сакаше капитенот на Барселона, а на крајот се засили со – резервист на Њукасл!

Фудбалскиот клуб Јувентус вчера официјализира уште едно засилување, станува збор за – Лојд Кели.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Така е, ни ние не го знаеме најдобро, но, тој дојде откако Јувентус остана пократок во преговорите со Барселона околу Роналд Араухо. Капитенот на Барселона не беше единственото звучно име, пред еден месец и нешто се спомнуваше и Антонио Силва од Бенфика, како и Фикајо Томори од Милан. 

И на крајот во Јувентус стигна – резервист на Њукасл! 

Англичанецот имаше прилично чуден пат, тој е роден во Бристол Сити, а во летото 2019. Борнмут го донесе за 15 милиони евра. Потоа играше кај Еди Хау, кој го доведе и во Њукасл, пет години подоцна, кога му истече договорот со Борнмут. 

Но, Лојд не се наигра многу откако летово пристигна како слободен играч, одигра само 14 натпревари, со помалку од 600 минути на терен, па Њукасл одлучи да го продаде и при тоа одлично заработи.

Верувале или не, Јувентус ќе плати три милиони за позајмица, потоа уште дополнителни 14,5 милиони за откуп летово, а покрај тоа се вклучени и потенцијални бонуси од шест милиони евра. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Kако Енрике го создаде најмоќниот тим во светот? Бекам открива неверојатни детали

Во текот на три години, Луис Енрике успеа да изгради импресивен ПСЖ кој има реална шанса д…