Дома Топ вести Ѕвездата на Челзи е приоритет за Реал Мадрид

Ѕвездата на Челзи е приоритет за Реал Мадрид

Десниот  бек на Челзи и англиски репрезентативец, Рис Џејмс е на врвот на листата желби на Реал Мадрид, пренесува „АС“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во шпанскиот гигант го гледаат 23-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.

Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и моментално е стандарден во првиот тим на „сините“.

Џејмс има договор со Челзи до 2028 година и Челзи не размислува за негова продажба, но има финансиски проблеми и на лето ќе мора да продава фудбалери.

Доведување на десен бек ќе биде приоритет на „кралевите“ ова лето, а како опција се споменува и Жоао Кансело, кој моментално игра на позајмица во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…