Дома Останати Кошарка Ѓорѓевиќ: Ова беше ’ту мач’ за нас

Ѓорѓевиќ: Ова беше ’ту мач’ за нас

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ рече дека неговата екипа со труд го заслужила финалето од ОИ против САД. Како што рече, среброто ќе биде поттик за продолжение на добрите резултати во иднина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Ова беше ’ту мач’ за нас, имаше се и сешто, долго и напорно лето од два и пол месеци и квалификациски турнир, па овие ОИ со навистина добра игра која одеше по добра патека од натпревар во натпревар“, рече Ѓорѓевиќ, додавајќи дека Американците биле физички понадмоќни и дека тоа го запрел протокот на топки.

„На некој начин тука погрешивме. Требаше топката повеќе да оди од рака во рака, па низ додавањата да бараме некои напаѓачки решенија. Бидејќи немавме такви решенија, одбраната трпеше. Дјурант одигра фантастична втора четвртина. Не можам да кажам несекојдневна, бидејќи тој е на тоа ниво, еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч на планетава“, рече српскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Бомба“ во Белград: Теодосиќ повторно во Звезда!

Милош Теодосиќ по една година пауза повторно се придружува на Црвена Звезда. Зошто проблем…