Дома Останати Ѓорческа поразена на стартот на турнирот во Шпанија

Ѓорческа поразена на стартот на турнирот во Шпанија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го загуби мечот од првото коло на ИТФ фјучрс турнирот во Шпанија што се игра во Барселона.

Таа загуби од Французинката Наиа Берекоечеа со 2-1 во сетови по 2 часа и 9 минути игра.

Во решавачкиот сет по 1:1 во гемови имаше три брејка и водство за Берекоечеа од 3:2 во гемови, по кое Французинката ја искористи предноста и ги освои следните три гема и го доби сетот со 6:2 во гемови.

Во следната недела Ѓорческа е пријавена за настап на ИТФ фјучрс турнир во Хамбург, Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тежок пат за Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

Новак Ѓоковиќ се подготвува за предизвиците на Мастерсот во Шангај, каде што го чекаат сер…