Дома Останати Ѓоковиќ, Том Брејди, Верстапен…Објавени номинациите за „Лауреус“

Ѓоковиќ, Том Брејди, Верстапен…Објавени номинациите за „Лауреус“

Денес се објавени номинациите за признанијата за најдобри спортисти по категорија или „Лауреус“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За престижната награда спортист на 2021 година има шест номинирани кандидати: Новак Ѓоковиќ (тенис), Макс Верстапен (формула 1), Том Брејди (НФЛ), Роберт Левандовски (фудбал), Елијду Кипчоге (атлетика) и Кејлеб Дресел (пливање).

Во конкуренција за спортистка на годината се Ешли Барти (тенис), Алисон Феликс (атлетика), Кејти Ледецки (пливање), Ема Мекион (пливање), Илејн Томпсон Хера (атлетика).

Фудбалската репрезентација на Аргентина, женскиот фудбалски клуб Барселона, олимпискиот тим на Канада во скокови во вода, НБА-шампионот Милвоки Бакс, фудбалската репрезентација на Италија и тимот на Мерцедес во Формула 1, се кандидатите за тим на годината.

Победниците ќе бидат објавени во април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…