Дома Тенис Ѓоковиќ со пресврт до полуфинале на Ролан Гарос

Ѓоковиќ со пресврт до полуфинале на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ по 12. пат ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос откако го победи Карин Хачанов со 3:1.

Хачанов го доби првиот сет со 6-4, а Ѓоковиќ и во вториот сет се мачеше да ја најде својата игра, но успеа да го добие во тајбрејк со 7:2.

Потоа во следните два сета Србинот беше супериорен и ги доби со 6:2 и 6-4 и дојде до победа од 3-1 и пласман полуфиналето.

Таму ќе игра со победникот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Стефанос Циципас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Радовиќ на светскиот врв: Црна Гора има злато во парапинг-понг!

Филип Радовиќ го совлада Французинот Матео Боас со 3:1 во финалето и на европските и парао…