Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се закануваше дека ќе го напушти турнирот во Австралија, но и ги загрижи фановите

Ѓоковиќ се закануваше дека ќе го напушти турнирот во Австралија, но и ги загрижи фановите

Новак Ѓоковиќ во вториот сет на Јунајтед купот во Перт против Јиржи Лехечка се соочи со проблеми со зглобот на раката, но на крајот сепак победи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ дури двапати во текот на мечот бараше медицински тајм-аут. Меѓутоа болките во зглобот не беа единствениот проблем за Новак.

„Не изгледа добро, но успеав да победам. Не е прв, ниту последен пат да се случуваат такви работи. Мора да се најде решение. Ќе видиме што ќе се случи понатаму”, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Во еден момент српскиот тенисер се закани дека ќе го напушти теренот. Во разговорот со организаторите Ѓоковиќ објаснуваше дека рефлекторите кои беа вклучени му пречат.

На крајот најдобриот светски тенисер по разговорот со супервизорот на мечот одлучи да го доигра мечот. Ѓоковиќ против Лехечка ги доби првиот и третиот сет со по 6:1, додека вториот го загуби во тај-брејк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ има нов тренер – ќе го почне „ловот“ на Ролан Гарос

Веќе некое време Новак Ѓоковиќ кажува дека новиот главен тренер би можел да биде само неко…