Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по новиот пораз: Морам да признаам, тешко ми е

Ѓоковиќ по новиот пораз: Морам да признаам, тешко ми е

Новак Ѓоковиќ по операцијата на лактот никако да се врати во старата форма, Србинот не е ниту приближно добар како во најдобрите денови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес во второто коло од турнирот во Барселона беше елиминиран од 140-тиот тенисер на АТП листата, Мартин Клижан.

По поразот Ѓоковиќ излезе на прес-конференција за медиумите.

„Не ги исполнив очекувањата, ниту моите, ниту на навивачите и жалам поради тоа. Навистина ова тешко, но нема да се откажам ќе продолжам да се обидувам да се вратам. На тренинзите можете да давате максимум, но натпреварите се нешто друго. Единствената работа која можам да ја направам во овој момент е да бидам трпелив. Со напорна работа можеби ќе успеам да се вратам“, изјави Ѓоковиќ.

За Ѓоковиќ ова беше петти пораз во последните седум натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неочекувано: Ѓоковиќ и Синер истовремено се откажаа!

Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ се повлекоа од Мајсторсот во Монтреал, соопштија организаторит…