Новак Ѓоковиќ одигра одличен меч и го победи Григор Димитров во третото коло на Австралија Опен, а Србинот беше задоволен од својата игра и пласманот во следното коло.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ по мечот разговараше со поранешната тенисерка Јелена Докиќ и беше запрашан како се справува со помладите тенисери од себе.




„Како мислите против помладите? Па денес 35 се новите 25…Погледнете како играат Рафа и Енди. На високо ниво сме и го сакам тоа, секоја сезона се брои кога ќе ја играше последната четвртина од кариерата.




Секој турнир го цениш повеќе. По 20 години професионален спорт не можев да биде поблагодарен“, изјави Ѓоковиќ по победата.




Во следната рунда Ѓоковиќ го чека меч против Алекс Де Минор.