Дома Останати Ѓоковиќ откри кога се враќа на терените!

Ѓоковиќ откри кога се враќа на терените!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека новата сезона ќе ја започне на првиот Грен слем, отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

„Ќе ја почнам сезоната во Австралија, засега редовно тренирам“, изјави Ѓоковиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатите три години Ѓоковиќ сезоната ја започнуваше на турнирот во Доха од Серијата 250. На трите последни настапи тој двапати победи во Доха, а на почетокот на годината во овој град ја прекина импресивната серија на Енди Мареј од 28 победи по ред.

Српскиот тенисер, кој поради повреда уште во јули ја заврши сезоната, потврди дека процесот на рехабилитација оди според предвиденото и дека не сака да брза со враќање на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Радувај се Македонијо: Бобан Илиоски е нов светски шампион во кик-бокс во ВАКО Про

Вечерва во одлична атмосфера во Спортскиот центар „Јане СанданскИ“ во Скопје пред голем бр…