Дома Останати Тенис Ѓоковиќ откажа учество на уште еден турнир и повторно губи бодови

Ѓоковиќ откажа учество на уште еден турнир и повторно губи бодови

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално потврди дека нема да настапи на АТП 500 турнирот во Дубаи кој ќе се игра од 26-ти февруари до 2-ри март). Отсуството на Ѓоковиќ од овој турнир значи и ново губење на бодови на ранг-листата.

Сепак и покрај тоа што ќе загуби бодови, Ѓоковиќ ќе остане лидер. Минатата година Србинот стигна до полуфиналето каде што беше поразен од Данил Медведев и ќе остане без 180 бодови. Претходно на Австралија Опен најдобриот светски тенисер остана без 1.200 откако не успеа да ја одбрани титулата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во моментов Ѓоковиќ има 9.855 бода, Алкараз е зад него со точно 600 помалку, Медведев е трет со 8.765, додека освојувачот на Австралија Опен, Јаник Синер со 8.300 бода е четврти тенисер во светот.

Следен турнир на кој Ѓоковиќ ќе настапи ќе биде Индијан Велс и тоа ќе биде можност Србинот да освои нови бодови бидејќи минатата година не настапи тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…