Дома Останати Тенис Ѓоковиќ не верува дека наскоро ќе се вратат на терените

Ѓоковиќ не верува дека наскоро ќе се вратат на терените

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ не верува дека тенисерите наскоро ќе се вратат на терените.

Да потсетиме, вирусот Ковид-19 за прекина тениската сезона пред нешто повеќе од еден месец.

Прво беа одложени Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, а потоа и комплетна сезона на земја и Вимблдон. Официјално паузата трае до 13. јули, но се очекува истата да биде продолжена.

За сега не е познат точниот датум за враќање, а Ѓоковиќ смета дека тоа нема да биде наскоро.

„Подготвен сум да игра, но мислам дека ќе поминат повеќе месеци пред да се вратиме на теренот. Играњето на турнири пред празни трибини не е нешто што зависи од нас. Здравјето мора да биде најважно.“ – порача популарниот Ноле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Инцидент во Пекинг: Ѓоковиќ удрен во глава! (Видео)

Новак Ѓоковиќ се најде во непријатна ситуација по завршувањето на тренингот пред почетокот…