Новак Ѓоковиќ по настапот во Рим се врати во татковината, каде што замина на прегледи во клиничкиот центар во Белград.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ беше погоден со шише на турнирот во Рим, па решил да провери дали има посериозна повреда, но резултатите покажале дека станува збор за мала контузија.
„Новак е добро. Сите наоди се добри. Направи комплетна крвна слика и се е во рамките на нормалата. Направи и ЕКГ, но и снимки на главата, за да се увери дека не е сериозно повреден кога во Рим беше погоден со шише во главата. Предмалку ги доби резултатите и сите се добри“,објавија српските медиуми.
Медиумите пишуваат дека Ѓоковиќ се жалел на вртоглавици, но за тоа нема потврда од таборот на српскиот тенисер.