Дома Останати Тенис Ѓоковиќ за спектакуларното финале на Ролан Гарос: Се радувам на мечот со Рафа

Ѓоковиќ за спектакуларното финале на Ролан Гарос: Се радувам на мечот со Рафа

Публиката во Париз и тениските љубители ширум светот ќе може да уживаат во финалето на Ролан Гарос, каде што ќе се соочат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ имаше тешка задача во текот на вчерашниот ден, кога го совлада Стефанос Циципас во пет сетови, а пред големото финале вели дека се чувствува добро и дека не е изморен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не чувствувам замор, иако играв четири часа. Мислам дека ден ипол ќе биде доволно време да се рехабилитирам и однапред се радувам на одличната борба со Рафа. Загубив најголем број натпревари против него на оваа подлога, но го добив мечот во 2015 година. ќе го погледнам тој дуел, ќе се обидам да извлечам нешто позитивно и да го применам во финалето. Условите се поинакви, а тоа мене ми одговара, додека на Надал не му е баш најдобро“, изјави најдобриот тенисер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…