Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот тенисер имаше среќа на ждрепката.

Српскиот тенисер не игра во најдобра форма од почетокот на сезоната и потребна титула на еден Мастерс секако добро ќе му дојде. Во Рим ќе му помогне и тоа што Јаник Синер и Карлос Алкараз нема да настапт.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Двоецот отпадна од Рим поради повреди, па така Ѓоковиќ е голем фаворит за титулата.

Новак сака на најдобар начин да се подготви за Ролан Гарос, а може да се каже дека Ѓоковиќ до четвртфиналето нема да има потежок тест.

Во првото коло ќе биде слободен, но во второто потенцијално ќе се сретне со Русинот Роман Сафјулин, кого во Монте Карло го совлада со 6:1, 6:2.

Потенцијален ривал во третото коло му е Алехандро Табило или Јакуб Меншик, додека осминафиналето би донело пресметка со Франциск Серундола или Карен Хачанов.

Секако дека Хачанов би претставувал најтешка пречка за Новак до четвртфиналето, но познато е дека Русинот не е баш најдобар играч на земјена подлога.

Во Монте Карло Ѓоковиќ застана во четвртфиналето, додека во Мадрид беше поразен во осминафиналето од Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Ова е најлошата сезона во кариерата на Ѓоковиќ“

На Новак Ѓоковиќ не му оди баш најдобро оваа сезона и загрижува фактот што не влезе во нит…