Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се огласи по трагедијата на Цетиње (Фото)

Ѓоковиќ се огласи по трагедијата на Цетиње (Фото)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи поради трагедијата на Цетиње, каде што животот го загубија 12 лица, а четири беа повредени!

Ѓоковиќ во саботата наутро на својот Инстаграм профил постави фотографија на која се гледа свеќа на темна позадина, и напиша „Цетиње“.

Ужасот во Црна Гора се случи на првиот ден од 2025 година, кога осомничениот Ацо Мартиновиќ изврши крваво злосторство и на пет локации направи масакр.

Првично пукањето се случи во една кафеана, а меѓу жртвите има дори и деца на возраст од 9 и 14 години.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најдобрата германска тенисерка добива смртни закани, бесни обложувале барале да им врати пари

Ева Лис, 23-годишна тенисерка и моментално најдобро рангирана германска играчка, ја доживу…