Новак Ѓоковиќ го дозна името на потенцијалниот противник во второто коло на Австралискиот опен, секако под услов да го совлада Американецот Басавереди.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа ќе биде Португалецот Жаиме Фарија, кој неочекувано лесно го победи Русинот Павел Котов со 6:1, 6:1, 7:5.
Квалификантот од почетокот ги контролираше случувањата на теренот. Во првите два сета го декласираше противникот. Дури во третиот сет Котов имаше шанса. Русинот на 5:5 пропушти брејк топка, а потоа следеше сурова казна во следниот гем кога Фарија без загубено поен постигна брејк и ја обезбеди победата.
Фарија моментално е 125. тенисер во светот. Неговиот најдобар ранг беше 114. позиција. Ѓоковиќ и Фарија досега никогаш не играле еден против друг.