Дома Фудбал Jувентус подготвува големи засилувања

Jувентус подготвува големи засилувања

Инсајдерот на Јувентус, Ромео Агрести, најави динамично лето за торинскиот клуб. “Според моите проценки, Јувентус планира да потпише со пет нови фудбалери.”

Најмалку тројца од нив се речиси сигурни: голман, одбранбен играч и напаѓач кој ќе биде резерва. Тука се и Кеси како потенцијален играч за средишната линија и еден лев бек. Бјанконерите нема да се ограничат само на две засилувања, како што зборуваше Спалети, а тоа се голманот и Лукуми”, напиша Агрести.

Пронаоѓањето на нов голман е еден од главните приоритети, а Јувентус го насочи вниманието кон Унаи Симон. Според пишувањата на Tuttomercatoweb, кои се повикуваат на Rai Sport, Бјанконерите се подготвени да ја истражат можноста за ангажирање на голманот од Атлетик Клуб.

Неговата вредност се проценува на околу 25 милиони евра. Желбата за ново решение на голманската позиција се зголеми поради неуверливите настапи на Микеле Ди Грегорио за време на подготовките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…