Дома Фудбал Англија Што ќе биде со Челзи? Абрамович веќе донесе одлука!

Што ќе биде со Челзи? Абрамович веќе донесе одлука!

Рускиот тајкин и долгогодичен сопственик на Челзи, Роман Абрамович донесе конечна одлука за лондонскиот клуб, тврдат британските медиуми.

Абрамович донел одлука да го продаде клубот кој го купи во 2003 година, а за сега се споменуваат три можни сценарија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За купување на клубот освен најбогатиот Британец, Џим Ратклиф заинтересирани се уште групации од САД и Азија.

Абрамович последен пат на меч на „сините“ присуствуваше во мај минатата година. Тогаш се пресели во Тел Авив бидејќи не му беше одобрена британска виза.

„Постои огромен интерес за англиските клубови од страна на САД и Азија. Договорите за ТВ права се астрономски, а приходите на клубот се во постојан пораст“, изјави агенцијата за посредување при продажбата на клубови.

Инаку, Абрамович го проценува Челзи на 2,5 милиарди фунти и се верува дека нема да го продаде под таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…