Дома Фудбал Репрезентации Што се случува со светските шампиони од 2014 година? – Германијa во катастрофална низа!

Што се случува со светските шампиони од 2014 година? – Германијa во катастрофална низа!

Светските шампиони од 2014 година од поодамна не изгледале вака лошо на теренот.

Иако на Мундијалот во Русија пристигнаа како едни од главните фаворити, сепак испаднаа уште во групната фаза, а нивниот кошмар продолжува и после Светското првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германците во Лигата на Нации освоија само еден бод од три натпревари, а вчера доживеаа нов пораз од Франција во Париз со 2:1.

Во последните четири натпревари Германија има само едно реми и три порази. Јужна Кореја, Холандија и Франција ги победуваа поранешните светски шампион, а единствениот бод го извлекоа на домашен терен против „Триколорите“ и тоа минатиот месец.

Ако гледаме подалеку, тогаш би виделе дека Германците запишале дури шест порази на последните 10 натпревари што секако е една од најлошите низи во историјата на оваа репрезентација.

https://www.youtube.com/watch?v=F01H52A_8_0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…