Како што пишуваат медиумите на Островот, Манчестер Сити испратил понуда на адреса на Јувентус за играчиот за врска на овој тим, Миралем Пјаниќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пјаниќ е еден од најважните играчи на Алегри, Јувентус со него и без него во тимот не е ист тим, тој „мозокот“ на средината од кого започнуваат акциите.
Наводно, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити испратиле понуда во износ од 50 милиони евра, но Јувентус истата ја одбил без никакво размислување. Во текстот се наведува и дека претходно управата на клубот од Торино на Барселона за услугите на Пјаниќ и барала сума од 80 милиони евра.
Во Јувентус за добра сума би можеле да се согласт да го продадат Пјаниќ со оглед на тоа дека нивна мета е Сергеј Милионовиќ Савиќ од Лацио за кого би морале да платат над 100 милиони евра.
Сепак, многу по реално е да се очекува Јувентус доколку има за цел да собира пари тоа да го направи со продажба на Гонзало Игуаин, но летото е пред нас па ќе видиме како ќе се одвива целата ситуација.
