Шкендија вчера се избори и успеа да преживее против Ботошани. Тетовци на гости славеа со 0:1 и се пласираа во третото квалификациско коло од [toигата на Европа каде што ќе играат против Тотенхем.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред овој натпревар во Ботошани беа премногу самоуверени дека ќе ја поминат Шкендија и тоа дури јавно го зборуваше претседателот на нивниот клуб.
„Ова ќе биде добра шанса за нас, верувам дека нема да се посрамотиме. Добивме противник од кои не ми се тресат колената. Среќни сме што ќе играме дома и тоа се одлични вести за нас“, изјави тренерот на Ботошани Валериу Ифтиме.
Како што е познато откако го елиминираа Ботошани во третото коло Шкендија ќе игра против силниот Тотенхем кој доаѓа во Скопје предводен од Жозе Мурињо.