Дома Фудбал Шпанците го пронајдоа виновникот за катастрофата: Го одигра најлошиот натпревар во најлош момент

Шпанците го пронајдоа виновникот за катастрофата: Го одигра најлошиот натпревар во најлош момент

Барселона во вчерашниот реванш натпревар против Рома беше шокатно елиминирана (1:4, 3:0).

Разочарувањето во таборот на Барселона е огромно, а шпанските медиуми го истакнуваат според нив еден од главните виновници за вчерашната катастрофа, а тоа е – Иван Рактиќ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Неговата задача беше да му помага на Бускетс во средината, но и да повлече напад кога е тоа потребно, но тој не го направи ниту едното, ниту другото. Негов најлош натпревар во најлош можен момент“, пишува Мундо Депортиво.

„Марка“ пишува дека Ракитиќ не успеал да го наметне својот стил на игра на средината, а „АС“ дека било невозможно да ја организира играта.

„Не успеа да го предводи тимот. Се обидуваше, но немаше решение“, пишува каталонскиот „Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…