Дома Останати Ракомет Шпанецот со романски пасош е засилувањето за Пасквал во реваншот

Шпанецот со романски пасош е засилувањето за Пасквал во реваншот

Романија и покрај поразот во Скопје од 30:22 сепак нема да се предаде во борбата за пласман во следната фаза од баражот. Затоа селекторот Чави Пасквал дополнително повика уште еден ракометар.

Имено, Пасквал за деншниот дуел дополнително го повикал Хавиер Хумет, Шпанецот со романски пасош кој ќе биде „џокер“ на домаќините во обид да направат пресврт на резултатот од првиот натпревар што би било еднакво на чудо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хумет игра како десен бек, а најголем дел од кариерата помина во Романија играјќи за Костанца, ЧСМ Букурешт, Стеауа и сега Динамо Букурешт. Поради семејни причини Хумет не беше на подготовките и на првиот натпревар во Скопје.

Македонија ќе потсетиме за овој дуел направи само една промена и тоа Марко Митев отпадна од составот, а на негово место шанса ќе добие крилото Ненад Костески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…