Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Шоу на Меси и Алварез, Аргентина е во финале🎥

Шоу на Меси и Алварез, Аргентина е во финале🎥

Аргентинската репрезентација е првиот финалист на Мундијалот во Катар, откако во полуфиналето ја победи Хрватска со 3:0.

Натпреварот почна израмнето и двете репрезентации водеа голема битка на средината од теренот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, во 34-та минута отпадна целата одбрана на Хрватска и Алварез излезе сам пред голманот Ливаковиќ, кој го фаулираше па судијата покажа на белата точка.

Меси беше прецизен за водство од 1:0, а само пет минути подоцна Алварез со соло продор ја измеша одбраната и зголеми на 2:0.

Во второто полувреме Хрватска фрли се на една карта и тргна во напад, а тоа оставаше простор за контранапади на „гаучосите“.

Во 69-та минута Меси со мајсторија ја измеша одбраната на Хрватска и му сервираше асистенција на Алварез кој погоди за 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ништо од останувањето на Рашфорд во Барселона, прескап бил!?

До неодамна беше сигурно дека Маркус Рашфорд ќе биде откупен од Барселона. Сепак, сега во …