Дома Фудбал Лига на шампиони ШОК: Роналдо поцрвене на „Местаља“, па плачеше како мало дете! (видео)

ШОК: Роналдо поцрвене на „Местаља“, па плачеше како мало дете! (видео)

Кристиано Роналдо на ужасен начин ја започна својата авантура во Лигата на шампиони во дресот на Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, во првото коло „бјанконерите“ и гостуваат на Валенсија, а во 30-та минута Кристиано Роналдо доби директен црвен картон.

После еден дуел без топка со Муриљо, судијата Феликс Брих му покажа директен црвен картон на Роналдо, иако на снимката не се гледа најдобро каков бил контактот.

Портуаглецот не можеше да се помири со таквата одлука и со солзи го напушти теренот.

Црвениот картон значи директна суспензија од два натпревари, па Роналдо ќе го пропушти и мечот со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Димитриевски херој – со фантастични одбрани ја спаси победата на Валенсија! (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски блесна со нова одлична партија во д…