Дома Фудбал Шок за Реал Мадрид на неколку часа пред дербито против Џирона

Шок за Реал Мадрид на неколку часа пред дербито против Џирона

Иако се најде на списокот на играчи, Антонио Рудигер не ги помина дополнителните лекарски прегледи и ќе го пропушти денешното дерби против Џирона.

Секако дека ова е голем удар за Карло Анчелоти бидејќи во текот на неделата отпадна и Начо Фернандез, а од претходно повредени се Едер Милитао и Давид Алаба.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Стоперскиот тандем на Реал денес би требало да го сочинуваат Дани Карвахал и Орлиен Чуамени, додека на бековските позиции ќе бидат Лукас Васкез и Ферлан Менди.

Останатите линии на тимот се пополнети без повреди и се очекува да настапат: Крос, Модриќ, Валверде, Камвинга, Винисиус и Родрио. Натпреварот е закажан од 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…