Победата на Реал Мадрид над Осасуна од 4:0 скапо ќе го чини Карло Анчелоти, бидејќи Едер Милитао ја заврши сезоната!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот повторно ја заработи најтешката можна повреда, оштетени му се предните вкрстени лигаменти, како и менискусот, поради што го чека нова операција и пауза од најмалку девет месеци.
Милитао заработи идентична повреда минатото лето, па на теренот се врати дури на крајот од минатата сезона, па ова е навистина најлошата можна вест и за него и за Реал Мадрид.
Карло Анчелоти во овој момент има само еден здрав стопер, а тоа е Антонио Ридигер, бидејќи Давид Алаба се уште не е опоравен од оваа идентична повреда и ќе се врати дури на крајот на годината.