Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија повторно лидер, Шкупи немоќен во Чаир

Шкендија повторно лидер, Шкупи немоќен во Чаир

Последниот натпревар од второто коло во македонскта прва лига се одигра денес помеѓу екипите на Шкупи и Шкендија, а во него славеа гостите со убедливи 0:3.

Иако прикажаа сосема добра игра во првиот дел Шкендија не успеа да го скрши отпорот на домаќините во првите 45 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мрежата на Шкупи се тресеше во вториот дел, а прв ја погоди Арменд Алими во 49 минута од средбата. За нов погодок се чекаше се до 62 минута и тој беше дело на Бесарт Ибраими, конечните 0:3 ги постави Марјан Радески во 79 минута од натпреварот.

Шкендија во следното коло ќе игра против новајлијата во првата македонска лига, екипата од струмица, Академија Пандев, додека Шкупи ќе и гостува на Победа во Прилеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …