Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија го испраќа Мурати на позајмица во градските ривали

Шкендија го испраќа Мурати на позајмица во градските ривали

Фудбалерот на Шкендија, Мевљан Мурати според најавите вториот дел од сезоната ќе го помине на позајмица во Ренова.

Поранешниот младински репретативец на Македонија според договорот кој го имаат двата тетовски клуба ќе остане во клубот до крајот на сезоната. Во кариерата Мурати помина една сезона во Шкупи, а имаше искуство и со играње во Албанија во дресот на Партизани.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во Шкендија Мурати е од 2016 година, а Ренова ќе биде неговиот трет тим за кој ќе настапува. Во овој преоден рок Шкендија покрај Мурати ја напуштија: Ќамир Ќака, Арменд Алими и Рубин Хебај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиите ова коло биле без грешка – и во ПМФЛ и во ВМФЛ!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните…